logo
logo
logo

ПОРТОКАЛОВ АЛАРМ ВО МАКЕДОНИЈА - Температурите до 40 степени, жештината продолжува и следната недела

Vecer | 08.08.2026

ПОРТОКАЛОВ АЛАРМ ВО МАКЕДОНИЈА - Температурите до 40 степени, жештината продолжува и следната недела

Македонија денеска под портокалово предупредување поради високите температури, кои на места ќе достигнат до 40 степени. УХМР најавува многу топло време во текот на викендот, со мала до умерена облачност, а високите температури се очекува да продолжат и во текот на идната недела. Минималните температури ќе се движат од 12 до 20 степени, додека максималните ќе достигнат од 33 до 40 степени. Во попладневните часови локално ќе има нестабилна облачност, со пороен дожд и ретки грмежи.

Високите температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој повремено ќе достигнува брзина од 40 км/ч.

Во Скопје, времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk