logo
logo
logo

(Видео) Полицајците пуштени ГОЛОГЛАВИ НА ПРОТЕСТ, во првите редови

Vecer | 01.03.2021

(Видео) Полицајците пуштени ГОЛОГЛАВИ НА ПРОТЕСТ, во првите редови

Единаесет полициски службеници беа повредени во петокот на протестите за случајот „Монструм“. Повредени се 11 од нив, а дел од полицајците беа пуштени во првите редови без заштитна опрема и шлемови, како цел на демонстрантите кои фрлаа камени делови врз нив.

Иако се очекуваа немири, како и на претходните вакви протести, и иако беше забележано силно присуство на полицијата, сепак, во првите редови на полицискиот кордон можеа да се забележат голем број на млади полицајци без соодветна заштита.

Голем дел од полициските службеници носеа само обични капи, а не и шлемови. Демонстрантите во своите напади не бираа средства, па фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, во обид да го пробијат полицискиот кордон, повредија 11 од присутните полицајци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk