logo
logo
logo

Пановски: Во Македонија има пет пати поголема смртност од корона од просекот во светот

Vecer | 05.03.2021

Пановски: Во Македонија има пет пати поголема смртност од корона од просекот во светот

Јас направив пресметка дека Северна и Јужна Америка и Европа имаат 1060 смртни случаи на милион, останатиот свет има 88 и тоа Азија и Африка и Австралија само 35. Македонија има пет пати поголема смртност од просекот во светот, рече микробиологот Никола Пановски на гостувањето на Што не е јасно што се емитува на телевизија Алфа.

Според некое секое патување е опасно и непотребно.

-Овие што се вратија од Занзибар се заразиле по пат. Занзибар нема случаи, и има 509 лучаи од почеток на пандемија и 20 смртни случаи, рече Пановски.

Говорејќи за пописот Пановски посочи дека истиот требаше да се одложи за мај.

-Зошто затоа што е потопло, може да се седи во двор на тераса и сите попишувачи да бидат вакцинирани, вели Пановски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk