Онкологија и Детска клиника добија нови директори

Vecer | 03.11.2022

Онкологија и Детска клиника добија нови директори
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

По вчерашните оставки. Денеска на Детска клиника и Онкологија назначени се нови директори. Откако вчера на барање на министерот за здравство, Беким Сали, оставки си поднесоа директорите на две универзитетски клиники – Клиниката за детски болести и Клиниката за радиотерапија и онкологија, денеска се назначени нови директори. Како што дознава „Фокус“, за нова директорка на Детската клиника е назначена д-р Стојка Нацева Фуштиќ, а на чело на Клиниката за онкологија застанува д-р Виолета Клисарова. Оставките пак вчера ги доставија директорката на Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова, и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk