logo
logo
logo

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА ОД НОЌЕСКА: Бензините поскапуваат за 4,50, дизелот за 6,50 денари

Vecer | 17.08.2026

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА ОД НОЌЕСКА: Бензините поскапуваат за 4,50, дизелот за 6,50 денари

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 скокаат за 4,50 денари за литар, согласно најновата одлука за највисоките малопродажни цени на нафтените деривати.

Со новото поскапување, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 91,50 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 достигнува 93,50 денари.

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 6,50 денари за литар, со што новата малопродажна цена достигнува 98 денари за литар.

Новите цени се повисоки во однос на оние утврдени со претходната одлука од 10 август 2026 година, што значи дека возачите од денеска ќе треба да издвојат повеќе пари за полн резервоар, соопшти РКЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk