Скопјанка синоќа пријавила дека кај Бит Пазар била натепана од нејзиниот вонбрачен сопруг и неговата сестра.
Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 20:25 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен сопруг А.Ф. и нејзината золва.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата