logo
logo
logo

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА СУДСКАТА КОРУПЦИЈА. Мајката уплатила 400.000 евра за станови

Vecer | 01.09.2026

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА СУДСКАТА КОРУПЦИЈА. Мајката уплатила 400.000 евра за станови

Продолжува судењето ан судијата Ѓоко Ристов по обвинение за корупција. Освен пронајдените 350.000 евра скриени во семејна куќа во Неготино денес нови детали за големи промети на пари.

Круме Апостолов, инвеститор во недвижности, сведочеше пред Судот дека Донка Ристова, мајката на обвинетиот апелациски судија Ѓоко Ристов, во јануари 2025 година уплатила околу 400.000 евра за четири стана со вкупна површина од 250 квадратни метри. Според Апостолов, изградбата доцнела поради документацијата, а Ристова подоцна побарала да ѝ биде вратен дел од уплатените пари. Тој рече дека веќе ги инвестирал средствата и не ѝ вратил ништо.

Во вкрстеното испрашување, сведокот потврди дека никогаш не разговарал со Ѓоко Ристов за становите и дека немал судски процес кај него.

За Обвинителството, ова сведоштво е важно бидејќи го доведува во прашање тврдењето на одбраната дека 350.000 евра пронајдени заѕидани во куќата во Неготино биле пари на родителите на Ристов. Одбраната, пак, останува на ставот дека и парите пронајдени во ѕидот и средствата уплатени за становите се сопственост на родителите на судијата.

Ристов е обвинет за противправно стекнување и прикривање имот и за перење пари и други приноси од казниво дело. Во куќата во Неготино беа пронајдени 350.000 евра во 13 пакувања, со вкупно 835 банкноти од 500 и од 200 евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk