logo
logo
logo

НИКОЛОСКИ ГО ПРОБИВА ШЕНГЕНСКИОТ ЅИД: Решение за транспортерите веќе е договорено со неколку земји

Vecer | 08.10.2026

НИКОЛОСКИ ГО ПРОБИВА ШЕНГЕНСКИОТ ЅИД: Решение за транспортерите веќе е договорено со неколку земји

Ние како Министерство и како Влада правиме сè за да склучиме билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната, а нема едно целосно решение. Мислам дека се работи за обична бирократска процедура и бирократизиран систем на носење одлуки, кој што е пребавно и на кој што му е тешко да се смени“, информираше заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов.“ Според Николоски станува збор за бирократки проблем кој е штетен како за земјите надвор така и во Шенген зоната.

„Странските директни инвестиции во Македонија се директно погодени, а најголем дел од нив, преку 87%, се од Европската Унија и самите не можат да најдат алтернативни начини на превози. Што значи, да ова било некој голем план, каде што целта би била да се уништат балканските превозници и бизнисот да го земат некои други превозници, ќе го видевме. Нема таква работа и затоа сум убеден дека се работи за бирократска машинерија, на која што ѝ е тешко да носи нови одлуки“, посочи Николоски.

Како конкретни чекори, тој посочи дека веќе е склучен билатерален договор со Хрватска, Швајцарија го потврдила договорот, а со Романија е постигнато решение според кое ќе се издаваат дозволи наместо визи.

„Склучивме билатерален договор со Хрватска, после тоа потврди Швајцарија, во финална фаза сме со одредени други држави. Со Романија потпишавме да се даваат дозволи, а не визи. Сега со Бугарија и Грција разговараме со овие превозници кои во истиот ден прават влез-излез, да не се регистрираат, така да со различни држави постигнуваме различни договори“, рече заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт.

Процесот продолжува и со други земји, а целта е да се олесни движењето и работењето на македонските професионални возачи низ европските транспортни коридори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk