logo
logo
logo

Које е боцнат - тој е услужен

Невозможно е УГОСТИТЕЛИТЕ ДА ПРОВЕРУВААТ КОЈ Е ВАКЦИНИРАН

Vecer | 08.08.2021

Невозможно е УГОСТИТЕЛИТЕ ДА ПРОВЕРУВААТ КОЈ Е ВАКЦИНИРАН

Независната угостителска комора (НУК) е многу револтирана од најавените рестрикции, особено од тоа дека за влез во угостителски објект ќе се бара потврда за вакцина, тврдејќи дека тоа е неспроведливо, а со тоа би се нарушиле и повеќе човекови права и слободи.

– Новите рестриктивни мерки ќе го загрозат и ќе го проблематизираат идното работење на угостителските објекти. Невозможно и неспроведливо е секој угостителски објект да ја обезбедни бараната задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација – револтирано за „Слободен печат“ изјави Здравко Јосифовски, претседател на НУК.

Од друга страна, дали лицето е вакцинирано или не спаѓа во групата на сензитивни лични податоци, тврди Јосифовски и објаснува дека со тоа од нив се бара да прекршат повеќе чевекови права загарантирани со Уставот и со Законот за заштита на лични податоци.

– Што правиме со странските гости и дипломатите? Дали и на кој начин нив треба да ги идентификуваме и да го идентификуваме нивниот статус на вакцинација? Сметаме дека одлуката не само што е погрешна и неспроведлива, туку истата е навредлива за сите македонски жители – корисници на угостителски услуги и за странските гости – вели Јосифовски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk