Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска излезе со обвинувања кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврдејќи дека лицата кои тој вчера во Ново Село ги нарече „деца“ се осудени насилници и трговци со дрога. Манасиевски оцени дека Филипче со својата прес-конференција се обидел да го сврти вниманието од вистината и лицата со кои бил фотографиран да ги претстави како жртви.

„’Децата’ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за кривично дело поседување на дрога и наркотични средства по член 215 од Кривичниот законик“, рече Манасиевски.




© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата