Мицкоски: Му понудив на Ковачевски да го одбие овој предлог, а јас да се повлечам од барање за предвремени избори

Vecer | 03.07.2022

Мицкоски: Му понудив на Ковачевски да го одбие овој предлог, а јас да се повлечам од барање за предвремени избори
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

„Му понудив на Ковачевски да го одбие овој предлог, а јас да се повлечам од барање за предвремени избори“, ова го изјви лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Димитар Ковачевски и додаде: „Ќе ги ставам сите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ за да и помогнеме на владата во сите предизвици, енергетски, предизвици со храна, безбедносни, и на пролет да седнеме и да направиме репроценка. Ова е преговарачка рамка со која или се асимилираме и бугаризираме како ЕУ или никогаш нема да бидеме дел од ЕУ“, вели Мицкоски.

Христијан Мицкоски изјави дека понудил три решенија за францускиот предлог. Тој не добил никаков одговор на барањата од премиерот Димитар Ковачевски. Според Мицкоски, барањата се разумни. Останува на ставот кој го дели со партијата дека предлогот во ваква форма треба да се одбие.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk