logo
logo
logo

Македонија - Колумбија на Балканот, светски рекордер во увоз на марихуана (ДЕТАЛИ)

Vecer | 11.01.2022

Македонија - Колумбија на Балканот, светски рекордер во увоз на марихуана (ДЕТАЛИ)

Од Јужна Африка во Македонија е испорачана досега рекордната пратка на марихуана помеѓу две држави, објави американско-канадската фирма Инстадосе фарма корп.

Пратката од 2.125 килограми (2,125 метрички тони) била испратена од Јоханесбург во Скопје на 25.12.2021. односно стигнала 6 дена пред Новата година, стои во компаниското соопштение.

Инстадосе соопшти и дека оваа марихуана е наменета за западна Европа каде веќе е доставена, а е извезена во Македонија согласно дозволата издадена во ноември.

Наведено е дека компанијата има соработка со лиценцирана фирма во Македонија, а истотака има свои филијали во ДР Конго, Португалија, Индија, Канада, Колумбија и Мексико.

-Ова е и историска испорака и претставува само почеток на потенцијалот на Инстадосе Фарма. Испорачувањето ги потврдува и нашиот бизнис модел и компанијата како светски лидер во индустријата. Мојата визија отсекогаш беше ваква и многу сум возбуден за значењето на пратката и за она што допрва следува, истакна Грент Сандерс, основач и директор на Инстадосе која според компаниското соопштение тврди дека македонската увезена пратка од 2,125 тони претставува светски рекорд во трговијата со марихуана наменета за медицински цели.

Минатата година беше објавено дека од Лесото се испорачани 8, 5 тони марихуана од друга компанија.

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk