Топ 15

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење

Vecer | 08.05.2021

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Над 100 портали во Македонија објавуваат дневни информативно политички информации како главен фокус на своите објави но, малкумина од нив значат влијание и извор на сериозни и проверени информации во јавноста. За да се стекне доверба и навика на читаност на информативен портал од страна на публиката потребно е време, искуство, стручност и многу работа.

Над 80% од граѓаните информациите првично ги добиваат преку информативните портали во текот на денот, преку компјутер или телефон, а помал дел и преку таблет. Побрзо, подетално и поедноставно отколку да ги чекаат и подоцна да ги добијат преку телевизиските информативни емисии.

Освен информативните портали, информациите лесно и брзо можат да ги добијат и преку агрегаторите на вести како водечките Тајм, Вести.мк или Грид.мк.

За јавноста е исклучително важно да има прецизен увид во рејтингот на информативните портали кои секојдневно ги читаат граѓаните во Македонија. Од рејтингот јасно се гледа кој информативен портал привлекува интерес и добива доверба за објавените вести и информации.

Во светот постојат само неколку референтни глобални системи за следење на читаност на сајтовите кои се релевантни за големите компании, маркетинг агенции, за читателите од развиениот економски и дигитален свет. За најрепрезентативни јавно достапни и компаративни системи за мерење на рејтинзите на порталите се сметаат американскиот Alexa.com и американско-израелскиот систем Similarweb.com.

Ова се резултатите според јавно достапнитe мерења на Similarweb.com за десктоп читаност, рејтинзи на најдобрите петнаесет македонски информативни портали во АПРИЛ 2021 година.

Најважен фактор е вкупната читаност на објави, новинарски текстови и информации во месецот, а избрани се 15 кои имаат најмалку 500.000 прочитани текстови во април годинава.

 

 

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk