Листата на празници и неработни денови за 2022-ра година

Vecer | 10.12.2021

Листата на празници и неработни денови за 2022-ра година
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2022 година неработни денови се: За сите граѓани на РМ • 01 јануари (сабота), Нова Година, • 07 јануари (петок), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, • 01 мај (недела), Ден на трудот, односно 02 мај (понеделник) е неработен ден, • 25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, • 02 мај (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, • 24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, • 02 август (вторник), Ден на Републиката, • 8 септември (четврток), Ден на независноста, • 11 октомври (вторник), Ден на народното востание, • 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден, • 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски” За граѓаните од православна вероисповед • 06 јануари (четврток), Бадник, ден пред Божик, • 19 јануари (среда), Богојавление (Водици), • 22 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, • 10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, • 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). За граѓаните од католичка вероисповед • 17 Април (недела), Велигден, вториот ден на Велигден, • 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци, • 25 декември (недела), првиот ден на Божик. За граѓаните од муслиманска вероисповед • 09 Јули (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам, За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ • 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука, За граѓаните припадници на српската заедница во РМ • 27 јануари (четврток), Свети Сава, За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ • 08 април (петок), Меѓународен ден на Ромите, За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ • 23 мај (понеделник), Национален ден на Власите, За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ • 5 окомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур, За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ • 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците, За граѓаните припадници на турската заедница во РМ • 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk