Бројот на работниците во индустријата во јули годинава е намален за 2,6 отсто во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најизразен пад има во рударството и вадењето камен, каде бројот на работници е намален за 7,8 отсто, а намалување е регистрирано и во преработувачката индустрија и секторот за снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Сепак, дел од индустриските гранки бележат пораст на бројот на работници – најголем во производството на компјутерски, електронски и оптички производи од 15,1 отсто, потоа во тутунската индустрија со 9,3 отсто и производството на пијалаци со 2,8 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, се намалил во групите Енергија за 3,3 %, Капитални производи за 2,3 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,6 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,4 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 2 %.
Бројот на работниците во периодот јануари – јули 2026 во однос на периодот јануари – јули 2025 година се намалил за 2,8 %.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата