Гужви и зголемен сообраќај на патиштата низ земјава, а најголема фреквенција на возила има на граничниот премин Табановце. За влез во Македонија патниците во моментов чекаат околу 45 минути, информира Автомото сојузот на Македонија.
Зголемен интензитет на сообраќајот има и надвор од градските средини, поради што од АМСМ апелираат на внимателно возење. Дополнително, возачите се предупредуваат на можни одрони на неколку патни делници.
Според информациите на АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.
Зголемен е и интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини, но сообраќајот на државните патишта засега се одвива непречено по суви коловози.
Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност од појава на одрони.
Посебна претпазливост се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата