logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ:

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери во АМС

Vecer | 02.05.2024

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери во АМС

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт. Дарко Каевски како директор на Агенцијата за млади и спорт заобиколувајќи ги законските процедури извршил распределба на пари преку таканаречените ваучери до клубови и федерации, кои одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите да ги добие назад преку даночно ослободување, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Каевски е фатен на дело, и веќе на сите им е јасно зошто излегуваше и ширеше лаги и манипулации во јавноста. Тоа се кадрите на СДС, како Дарко Каевски, вмешани во криминал и корупција, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ уште порачуваат дека е време Македонија да се ослободи од криминалците како Каевски.

Време е да ја вратиме Македонија на народот. Македонија повторно твоја!, велат од партијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk