logo
logo
logo

Хрватска очекува да се најдат и казнат убијците на ракометарот Денис Тот, но и да се санкционираат оние што се обиделе да заташкаат се

Vecer | 10.04.2022

Хрватска очекува да се најдат и казнат убијците на ракометарот Денис Тот, но и да се санкционираат оние што се обиделе да заташкаат се

Скандалозната реакција на МВР во првично објавените информации за смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот во Скопје загрижи дел македонската јавност која е убедена дека МВР на Оливер Спасовски се обидела да скрие убиство, но предизвикува бес и лутина во Загреб.

Претставници на хрватските власти кој инсистираат на анонимност очекуваат итна реакција и разврска од официјално Скопје за убиството на хрватскиот државјанин.

Хрватска очекува не само да се најдат и да се казнат убијците на младиот ракометар туку и се санкционираат и тие што се обиделе да го скријат убиството.

Во спротивно Хрватска може да ги употреби механизмите на ЕУ од поглавјето кое се однесува на ,,Правда и внатрешни работи” а во најлошото сценарио да и се придружи на Бугарија во ветото за почеток на македонските преговори со унијата.

На загриженоста на Загреб од каде се признава дека ветото за ЕУ е сепак само во доменот на теоријата и предходеа низа контрадикторни информации за убиството на Тот.

Најпрво беше објавено дека тој бил претепан пред дискотека и однесен во болница по што директорката на КАРИЛ даде изјава дека немало знаци на насилство.

Потоа МВР излезе со официјално соопштение дека немало никаков инцидент пред дискотеката.

По извршената обдукција, Јавното обвинителство соопшти дека истрагата покажала дека ракометарот умрел со пресечен јазик и хематом на главата.

Откако предходно МВР објави дека нема насилство во второто соопштение тврди нешто сосема поинакво:

„Тројца напаѓачи му нанеле удари по главата на Денис Тот од кои тој паднал со главата наназад на асфалтот и загубил свест. На 8 април околу 3,30 часот, пред ноќен клуб лоциран во Градскиот парк, дошло до вербална расправија помеѓу лицето Д.Т. (28) од Хрватска, со привремен престој во РСМ и лицата А.Ѓ. (28), К.Л. (19) и А.К. (22) сите од Скопје при што тројцата го нападнале и му нанеле удари по главата на Д.Т. од кои тој паднал со глава наназад на асфалтот и изгубил свест“.

За официјален Загреб овие контрадикторни информации се доволни да биде загрижена и за своите граѓани во Македонија но и за почитување на процедурите од страна на владата која сака да влезе во ЕУ.

Како ќе се однесуваат сега официјален Загреб и пријателска Хрватска и дали ќе го спроведат најлошото сценарио со можноста за вето во ЕУ сега зависи пред се од МВР и властите во Скопје кои мора да ги санкционираат и убијците но и тие што се обидоа да скријат убиство па макар да е тоа е министерот Спасовски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk