logo
logo
logo

Грчки граѓанин починал во битолско казино – наредено е да се прави обдукција

Vecer | 24.04.2024

Грчки граѓанин починал во битолско казино – наредено е да се прави обдукција

Министерството за внатрешни работи (МВР) во дневниот билтен информира за немил настан кој се случил во текот на вчерашниот ден.

Истиот се однесува за смрт на Грчки граѓанин, а за настанот се вели:

-Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил донесен Н.К.(62), државјанин на Грција, без знаци на живот.

Лекарот констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено да се изврши обдукција.

Увид на местото извршила увидната екипа на СВР Битола, информира МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk