logo
logo
logo

Пред истекот на притворот

„ГАЗДА ДЕКО“ НУДИ ИМОТ ОД 200.000 ЕВРА ЗА СЛОБОДА: Гарантира дека нема да избега, притворот му истекува на 3 октомври

Vecer | 21.09.2026

„ГАЗДА ДЕКО“ НУДИ ИМОТ ОД 200.000 ЕВРА ЗА СЛОБОДА: Гарантира дека нема да избега, притворот му истекува на 3 октомври

Првообвинетиот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов Деко, понудил недвижен имот вреден околу 200.000 евра како гаранција дека нема да избега доколку биде пуштен од притвор. За тоа дали имотот е доволна гаранција за неговото присуство во понатамошната судска постапка ќе одлучува Кривичниот суд.

Неговата адвокатка Ивана Коцевска претходно најави дека Јованов е подготвен да гарантира со имот, со цел да ги увери судот и јавноста дека нема намера да избега. Според одбраната, законскиот рок од една година во кој тој може да остане во затворски притвор истекува на 3 октомври, по повеќекратното продолжување на мерката поради опасноста од бегство и можноста за влијание врз сведоците.

Јованов е единствениот меѓу обвинетите во предметот кој сè уште се наоѓа во затворски притвор. Другите обвинети се бранат од слобода со мерки на претпазливост или се во домашен притвор или претходно понудиле гаранција.

Судењето се води против 34 физички лица и 3 правни субјекти.

Одбраната тврди дека Јованов не е одговорен за должината на постапката и го оспорува тврдењето на Обвинителството дека делото Тешки дела против општата сигурсност, за кое е обвинет, е извршено со умисла.

Според Законот за кривичната постапка, после една година во притвот Судот може да му додели куќен притвор, а може да одреди и други мерки за обезбедување присуство како гаранција, забрана за напуштање на живеалиштето, одземање патна исправа, јавување во суд/полиција или комбинација на мерки, зависно од проценката.

Кривичниот суд најави дека по истекот на рокот за затворски притвор, по службена должност ќе определи дополнителни мерки за претпазливост за да се обезбеди Јованов да биде достапен за судењето.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година, загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk