Куче паднало во бунар во селото Конопница, по што пожарникарите од Крива Паланка веднаш се упатиле на местото за да го спасат животното. Двајца пожарникари со противпожарно возило ја започнале акцијата за негово извлекување.

Кучето било паднато во необезбеден бунар длабок околу седум метри. Благодарение на интервенцијата на пожарникарите, тоа било успешно извлечено од бунарот.
„Секој живот е вреден! Животот нема цена!“, порачаа од ТППЕ Крива Паланка по успешната акција.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата