logo
logo
logo

НОВИ КАМИОНИ за почисто Скопје - од четврток почнуваат со работа

Vecer | 31.08.2026

НОВИ КАМИОНИ за почисто Скопје - од четврток почнуваат со работа

На денешната седница за советнички прашања на Советот на Град Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, одговарајќи на советничко прашање информираше дека во четврток ќе се направи промоција на 40-те нови специјализирани комунални камиони, по што тие уште вечерта ќе бидат ставени во функција низ градот.

-Во четвтрок правиме промоција на новите камиони за комунална хигиена кои што конечно ни стигнуваат. Од четврток вечерта веќе ќе почнат да функционираат низ градот- изјави градоначалникот.

Тој додаде дека освен овие 40 нови камиони, Градот самостојно и преку донација набавил уште три специјализирани камиони за собирање отпад.

-Освен набавата на камиони од страна на државата преку Град Скопје, по пат на донација добивме еден камион и дополнително уште два кои што ги субвенциониравме ние, имаме три камиони кои самостојно ги набавивме како Град Скопје и „Комунална хигиена“- вели Ѓорѓиевски.

Дополнително, градоначалникот потсети дека ќе се направат уште две претоварни станици во Карпош и во Гази Баба, за, како што вели тој, побрзо да се одвива динамиката на собирањето на отпадот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk