logo
logo
logo

Финансискиот сектор забрзува: СРЕДСТВАТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ ПОРАСНАА ЗА 22,1 ОТСТО ЗА ЕДНА ГОДИНА

Vecer | 31.08.2026

Финансискиот сектор забрзува: СРЕДСТВАТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ ПОРАСНАА ЗА 22,1 ОТСТО ЗА ЕДНА ГОДИНА

Финансискиот сектор бележи значителен раст, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Вкупните средства на останатите финансиски институции во земјава во вториот квартал од 2026 година достигнале 336,36 милијарди денари, што е зголемување од 7,2 отсто за само еден квартал, односно 22,1 отсто во споредба со истиот период лани.

Овие институции сочинуваат 23,3 отсто од вкупните средства на финансиските институции, при што најголем дел отпаѓа на пензиските фондови – 63,7 отсто, додека осигурителните друштва учествуваат со 13,5 отсто.

Пензиските фондови во вториот квартал забележале раст на средствата од 8 отсто на квартално и 21 отсто на годишно ниво, главно поради зголемените вложувања во сопственички и должнички хартии од вредност.

Кај осигурителните друштва средствата се зголемиле за 3 отсто квартално и за 8,8 отсто годишно, додека инвестициските фондови оствариле раст од 12,3 отсто на квартално и дури 44,2 отсто на годишно ниво.

Финансиските друштва, пак, забележале квартален пад на средствата од 1,1 отсто, но на годишно ниво нивната вредност е зголемена за 30,3 отсто. Побарувањата врз основа на кредити изнесувале 15,97 милијарди денари.

Раст е забележан и кај друштвата за финансиски лизинг, чии средства се зголемиле за 4,8 отсто квартално и за 21,7 отсто годишно, како и кај друштвата за управување со пензиски и инвестициски фондови, каде годишниот раст достигнал 50,9 отсто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk