logo
logo
logo

ОБВИНЕНИЕ ЗА 6 ЛИЦА ЗА ИЗДАВАЊЕ ЛАЖНИ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ЗА АВТОБУСИ И ЗА КАМИОНИ

Vecer | 20.09.2026

ОБВИНЕНИЕ ЗА 6 ЛИЦА ЗА ИЗДАВАЊЕ ЛАЖНИ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ЗА АВТОБУСИ И ЗА КАМИОНИ

Јавен обвинител од ОJO Скопје поднесе oбвинителен предлог против 6 лица за продолжени кривични дела Фалсификување исправа, од член 378 став 3 од Кривичниот законик, соопшти Обвинителството.

„Првата обвинета е вработена во Министерството за внатрешни работи, како помлад советник за патни исправи во Одделението за управни работи – Скопје, која во периодот од 3.9.2020 до 24.08.2026 година, во повеќе наврати ги користела своите шифри и вршела преправање на возачки дозволи, внесувајќи дополнителни категории“, соопшти Обвинителството.

Останатите петмина опфатени со обвинението се возачи.

„Тие, иако знаеле дека немаат положено за Ц и за Д категорија, во договор со првата обвинета, поднесувале барања за издавање дозволи во кои им биле впишувани дополнителни категории. Ваквите невистинити исправи тие ги користеле за да аплицираат и да добијат сертификати за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен превоз на патници и стоки, а потоа во повеќе наврати управувале со автобус или со товарно возило во меѓународен сообраќај“, се вели во соопштението на ЈО.

За тројца обвинети, вклучувајќи ја и вработената во МВР, јавниот обвинител достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

„За останатите тројца кои се недостапни на органите на прогонот обвинителот предложи да им биде определен притвор од нивното пронаоѓање, а постапката против нив ќе продолжи во нивно отсуство“, информира ЈО.

Во меѓувреме, во рамките на истиот предмет, продолжуваат да се преземаат дејствија за обезбедување докази и против уште 21 лице, осомничени како посредници или корисници на фалсификуваните возачки дозволи, а обвинителството продолжува да истражува и други можни злоупотреби, додава Обвинителството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk