logo
logo
logo

ТРИ ЛИЦА ПРОНАЈДЕНИ ПОЧИНАТИ во превртено возило на патот Блаце – Скопје

Vecer | 19.07.2026

ТРИ ЛИЦА ПРОНАЈДЕНИ ПОЧИНАТИ во превртено возило на патот Блаце – Скопје

Три лица биле пронајдени починати во превртено возило „Мерцедес“ кое било пронајдено на патот Блаце – Скопје. Станува збор за едно машко и две женски лица, откако претходно граѓанин на Косово ги пријавил за исчезнати.

„На 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот ГП Блаце-Скопје има превртено возило “мерцедес” со германски национални ознаки. Веднаш се упатени полициски службеници на местото на настанот и утврдено е дека во возилото има три починати лица (едно машко и две женски лица). Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Претходно, во 13:40 часот во ПС Бит Пззар, државјанин на Косово пријави дека три лица се исчезнати, а последен контакт имал со нив на 18.07.2026 околу 22:15 часот, кога тие биле на аеродромот во Скопје“, стои во објавата на МВР.

Повеќе детали околу идентитетот на починатите се очекува во текот на утрешниот ден.

Фото: Илустрација

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk