logo
logo
logo

ЗАКАНА ЗА ГЕРОСКИ ПОРАДИ СТАВ СО ДАТА ЦЕНТРИТЕ. Таа политичка страна била и е секогаш насилна

Vecer | 28.08.2026

ЗАКАНА ЗА ГЕРОСКИ ПОРАДИ СТАВ СО ДАТА ЦЕНТРИТЕ. Таа политичка страна била и е секогаш насилна

Приврзаниците и активистите на СДСМ и кога се на валст и кога се во опозиција не почитуваат туѓ став или мислење. Нивната реакција секогаш е закана, сила, прогон... Како што е и во случајов, рекација со закана за став, коментар на новинарот Бранко Героски кој не мус  едопаднал на лицето кое се заканува.

Геровски наведува дека заканата дошла од лице кое го именува како Илија Ико Стаменов, во коментари под неговата објава со содржина: „Само трговски центри, дата центри никако“.

Тој нагласува дека во самата објава не било споменато ниту означено конкретно лице. „На директорот Јанев, со директни цитати и скриншотови, детално му појаснив зошто заканата содржи елемент на сериозност“, напиша Героски.

Според неговата оценка, содржината на коментарите има елементи на кривичното дело „загрозување на сигурноста“ од член 144 од Кривичниот законик. Тоа е правна квалификација што ја изнесува самиот Геровски, а за евентуалното постоење на кривично дело треба да се произнесат надлежните институции.

Новинарот вели дека на директорот на БЈБ му доставил и други јавно достапни информации за кои смета дека можат да помогнат во идентификацијата на лицето што му се заканувало. „Од МВР, односно од полицијата, барам да постапи според законот, да ја обезбеди мојата сигурност и сигурноста на моето семејство и да изврши потребни дејствија да го пронајде заканувачот и да го документира случајот“, порача Героски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk