Претседателот на СДС денеска го достигна својот „врв на дното“, со навреди и закани и кон своите политички опоненти од ВМРО-ДПМНЕ и кон своите сопартијци.
Во наплив на нервоза која е се’ поочигледна во неговите обраќања во одговор насочен директно кон своите довчерашни „другари“ и сопратијци кои децении беа „носечки кадар“ и врвни експоненти на партијата, тој со фацијална експресија на очајник им испрати порака соодветна на ниво на вокабулар од маалска кооперација: „ТРГНЕТЕ МИ СЕ ОД ПАТОТ ИЛИ ЌЕ ВЕ ПРЕГАЗАМ КАКО ШЛЕПЕР ЖАБА!“, рече во лутина Венко од собраниската прес-говорница, нанесувајќи му со непристојниот речник голем резил и на самиот законодавен дом.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата