logo
logo
logo

Охрид ќе стане рај, но за глуви. НИ СОН НИ МИР ОД ГУЖВИ И ПОЈАЧАЛА НИЗ ГРАДОТ

Vecer | 29.08.2026

Охрид ќе стане рај, но за глуви. НИ СОН НИ МИР ОД ГУЖВИ И ПОЈАЧАЛА НИЗ ГРАДОТ

Гласната музика од хотелско-угостителски објект на кејот „Македонија“ во Охрид била причина за полициска интервенција во текот на ноќта на 28 август 2026 година.

Во 01:34 часот во СВР Охрид било пријавено нарушување на јавниот ред и мир поради бучава што доаѓала од објектот лоциран на охридскиот кеј.

Полициски службеници излегле на терен и извршиле мерење на јачината на звукот со фонометар, односно уред наменет за прецизно мерење на нивото на бучава.

Мерењето било извршено согласно правилата за примена на индикаторите за бучава и утврдување на соодветните мерни места.

Резултатите покажале дека јачината на звукот во моментот на мерењето изнесувала 40 децибели.

Со тоа било утврдено дека дозволената граница од 35 децибели била надмината за 5 децибели.

Од полицијата информираат дека случајот дополнително ќе биде документиран. По целосното утврдување на фактите, против правниот субјект, како и против одговорното лице во објектот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Случајот повторно го отвора прашањето за почитувањето на дозволеното ниво на бучава во угостителските објекти, особено во текот на ноќните часови, кога зголемената бучава може да претставува нарушување на јавниот ред и мир.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk