logo
logo
logo

ПРЕТРЕСИ ДОМА И НА РАБОТА на виш јавен обвинител во ВЈО Битола, се сомничи за „примање награда за противзаконито влијание“

Vecer | 06.10.2026

ПРЕТРЕСИ ДОМА И НА РАБОТА на виш јавен обвинител во ВЈО Битола, се сомничи за „примање награда за противзаконито влијание“

Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во моментов врши претрес на дом и службени простории на виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола, поради постоење на основи на сомнение за „примање награда за противзаконито влијание“.

Претресите, како што информираат од Обвинителство, се врз основа на обезбедени судски наредби и ги вршат припадници на МВР, а повеќе детали ќе бидат соопштени по завршување на дејствијата во текот на утрешниот ден.

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција обезбеди судски наредби за претрес на дом и службени простории на виш јавен обвинител во ВЈО Битола, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело - Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик - информираат од ЈОРСМ.

Дел од медиумите објавија дека, неофицијално претресот се поврзува со постапување околу враќањето на пасошот на битолскиот бизнисмен Борче Марковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk