logo
logo
logo

НЕ СЕ ГЛЕДА КРАЈОТ НА ГОРЕШТИНИТЕ - Екстремните температури продолжуваат и во септември

Vecer | 31.08.2026

НЕ СЕ ГЛЕДА КРАЈОТ НА ГОРЕШТИНИТЕ - Екстремните температури продолжуваат и во септември

Се соочуваме со критичен период на екстремни временски осцилации кои ќе го одбележат самиот крај на август и почетокот на септември. Немилосрдните тропски температури продолжуваат да го пржат нашиот регион, носи со себе сериозен ризик по здравјето на граѓаните и секојдневните активности.

Според алармантната прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето утре ќе донесе опасна комбинација од сончеви и пеколно топли периоди, прекинати со ненадејна локална нестабилност. На одделни места се очекуваат силни поројни дождови, жестоки грмежи и засилен ветер.

Пеколниот тек продолжува и во текот на целата следна работна недела. Времето ќе биде мачно, сончево и топло, но попладневните часови носат ризик од ненадејно невреме, со посебна зачестеност и изразеност во среда и четврток.

Српскиот метеоролог Недељко Тодоровиќ пак, вели дека летото ќе продолжи барем во следните две недели, со температури над просекот и недостаток на врнежи.

„Значи, надпросечно топло, суво во повеќето денови, со релативно високи температури, 30 и повеќе. Може да падне еден или два степени под 30 степени во некои денови, а просечната максимална температура за крајот на август и самиот почеток на септември е 26 степени“, рече тој.

Метеорологот потенцира дека е тешко да се даде прецизен одговор кога би можел да се случи вистинско заладување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk