logo
logo
logo

ПРЕВОЗНИЦИТЕ НА ПРОТЕСТ пред Делегацијата на ЕУ во Скопје

Vecer | 31.08.2026

ПРЕВОЗНИЦИТЕ НА ПРОТЕСТ пред Делегацијата на ЕУ во Скопје

Превозници организирани од домашната транспортна асоцијација „Макам-транс“  денеска од 12 до 14 ќе одржат протест пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, барајќи решавање на проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во Шенген-зоната. Протестот е предупредувачки во пресрет на утрешниот состанок на Работната група во Брисел од кој превозниците очекуваат решение за нивниот статус откако се соочија со  проблеми поради правилото 90/180 на ЕУ според кое државјаните на трети земји можат да престојуваат најмногу 90 дена во кој било период од 180 дена. 

Кај дегелацијата на ЕУ во Скопје во тек на протестот ќе бидат паркирани 20-ина товарни возила од Скопје, во присуство на сопственици на транспортни компании, возачи и други вработени од повеќе делови на земјава. Истовремено, протести на превозници ќе се одржат и во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Од „Макам-транс“ велат дека протестот е предупредување до Европска Унија, која според нив во изминатите седум месеци не покажала добра волја за надминување на проблемот иако во визната стратегија се признаа возачите како професионалци кои вршат дејност.

 - После седум месеци  се уште не е надминат проблемот со престојот,  а бидејќи септември е почеток на работите сакаме да испратиме јасна порака  да се направи нешто. На 1 септември се очекува да има средба на претставници на сите земји од шенген зоната на која бараме да биде на дневен ред и нашето прашање, изјави за МИА Биљана Муратовска - генерален секретар на асоцијацијата „Макам-транс“.

Во однос на ставот на Министерството за транспорт од каде во неколку наврати укажаа дека преземаат активности за помош на транспортерите со склучување билатерални договори со земјите дел од Шенген зоната со цел да се обезбеди покриеност на рутите по кои најчесто се движат македонските транспортери, Муратовска посочи дека „освен Хрватска којашто направи промени во Законот за странци други држави немаат јавно искажано такво нешто“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk