Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека годинава бројките се натпросечни насекаде низ Европа кога станува збор за инфекциите со видусот на западнонилската треска.
Мицкоски додаде дека годинава овој здравствен предизвик е особено изразен на европско ниво и не е специфичен само за Македонија.
Премиерот рече и дека, според информациите со кои располага, општините ги спровеле предвидените активности за заштита од комарци согласно редовните протоколи.
„Ги проверивме информациите и врз основа на она со што располагам, сите општини во рамките на редовниот протокол ги имаат завршено своите активности. Не би можел да кажам дека некој не го направил тоа или дека ја занемарил обврската“,
рече Мицкоски.
Според премиерот, сите медитерански земји се соочуваат со овој здравствен предизвик.
„Факт е дека оваа година е натпросечна кога станува збор за ваков тип предизвик со кој се соочуваме и ние, но и, условно кажано, сите медитерански земји. Тука се и Италија и Шпанија, каде што, за жал, починатите од западнонилска треска се бројат со стотици“,
рече тој.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата