Модуларните болници за врееме на Ковид епидемијата кои се поставуваа отпрвин како чекални или за лабораторски потреби а потоа со лична одлука на Филипче и Заев без употребна и градежна дозвола се употребуваа (трагично) како болници за болничко лекување беа експлицитен пример на најтешко кривично дело кое доведе и до пожар и смрт на 15 пациенти во Тетово во објект - кој не е ни наменет во него да лежат и се лекуваат тешко заболени пациенти.
Тогашниот премиер Зоран Заев тврдеше дека за “модуларните болници“ не е ни потребна градежна или употребна дозвола,. тие споерд него и минситерот Филипче биле “објекти како настрешница пред кафана...“

Наместо долгогодишен затвор за Зоран Заев и Венко Филипче за сместување пациенти во несоодвотни услови по што настапи смрт на 15 лица поради несоодветно одржување и нестручни измени во инсталацијата од страна на тетовската болница - шефот на Обвинителството за организиран криминал Ислам Абази, кадар на ДУИ чиј мандат истекува за 60 дена, поставен на таа функција во скандалозна постапка, ја извести јавноста дека - нема кривично дело со “настрешниците“ кои надвор од законска постака се употребуваа како билници, и дека со тоа истрагата е затворена - засекогаш!
АБОЛЦИЈАТА НА ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ вака ја објаснува Ислам Абази:
“Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК)) по извршени проверки и анализа на прибраната документација, оцени дека не постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, ниту за друго кривично дело кое се гони по службена должност, во врска со јавните набавки за изградба на 19 модуларни болници, соопшти ОЈО.
„Предметот беше оформен на 10 септември 2021 година по иницијатива на ОЈО ГОКК, со цел да се провери документацијата поврзана со набавката и да се утврди дали при нејзиното спроведување постојат елементи на кривично дело.
Во постапката беше прибрана документација од Министерството за внатрешни работи, Министерството за финансии – Бирото за јавни набавки, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Владата, ОЈО Тетово и други институции. Анализирани беа постапките за јавни набавки, техничките спецификации, договорите, проектната документација и релевантната законска регулатива.
Од прибраните податоци произлегува дека во периодот од април до јуни 2020 година биле спроведени три постапки за обезбедување дополнителни капацитети на здравствениот систем за справување со пандемијата од Ковид-19. Набавките се однесувале на монтажни контејнери кај Клиниката за инфективни болести во Скопје, немедицинска опрема за Регионалниот ковид-центар и формирање монтажно-модуларен амбулантско-поликлинички оддел за потребите на Клиниката за пулмологија и алергологија“, се вели во соопштението.
Оттаму додаваат дека предмет на анализа била и постапката за набавка на модуларни монтажни контејнери во рамките на Проектот за итно справување со Ковид-19, финансиран со заем од Светска банка.

Постапката била спроведена согласно правилата на меѓународната финансиска институција, со барање понуди преку меѓународен пазар. Бирото за јавни набавки потврдило дека во ваков случај не се применуваат одредбите од Законот за јавните набавки, согласно законскиот исклучок за набавки спроведени според правила на меѓународна организација.
„Беше анализирана и регулативата од областа на градењето. Јавниот повик бил објавен на 13 октомври 2020 година, а договорот бил склучен на 30 ноември 2020 година. Во меѓувреме, со измените на Законот за градење објавени на 24 ноември 2020 година, модуларните градби наменети за вршење здравствена дејност биле опфатени во категоријата градби за кои не е потребно одобрение за градење.
Од прибраната документација произлегува дека дел од јавните здравствени установи имале решенија од Министерството за здравство за поставување на модуларните градби, како и соодветна проектна документација.
Обвинителството ја анализираше и документацијата за активностите на Светска банка по пожарот во модуларната болница во Тетово.
Во октомври 2021 година биле посетени објектите во Гостивар, Струга, Прилеп, Велес и Штип, при што била проверувана усогласеноста со проектните стандарди, безбедноста и противпожарната заштита.
Според документацијата, тимот на Светска банка потврдил дека постапката за набавка била во согласност со важечките правила на банката и дека испорачаната стока одговарала на техничките спецификации“.
Но, не е спорна набавката ниту изведбата и градбата - спорна е употребата и пренамента на тие времени објекти во болници без технички и здравствени услови за таква употреба, и потоа самоволно нестручно менување на инсталцијата од страна на тетовската болница по што настанал пожар. За тао нема ни збор од Ислам Абази и ОЈО ГОКК.

“Од ОЈО потенцираат дека согласно важечката законска рамка, утврдените факти не ги исполнуваат законските обележја на кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Оттука, надлежниот јавен обвинител оцени дека нема основи на сомнение дека е сторено кривично дело кое се гони по службена должност, поради што нема место за натамошно јавнообвинителско постапување по предметот.“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата