logo
logo
logo

СНАА ФРЛИЛА НОЖ КОН СВЕКОРОТ - Семејна драма во Македонска Каменица

Vecer | 28.08.2026

СНАА ФРЛИЛА НОЖ КОН СВЕКОРОТ - Семејна драма во Македонска Каменица

Вистинска крвава драма се одвивала синоќа во Македонска Каменица, каде што 23-годишна жена е лишена од слобода откако по жестока семејна расправија физички ги нападнала свекрвата и свекорот, користејќи и ладно оружје.

Според информациите од полицијата, инцидентот се случил синоќа, околу 21:35 часот. На настанот му претходела жестока расправија помеѓу младата жена и нејзиниот сопруг. Ситуацијата ескалирала кога 23-годишната снаа прво физички ја нападнала својата свекрва, а потоа фрлила нож кон свекорот, погодувајќи го во ногата. Погодениот свекор потоа ја удрил снаата со тврд предмет за да ја запре.

Полициски службеници од ПО Македонска Каменица веднаш интервенирале и ја уапсиле младата жена, а по целосно расчистување и документирање на случајот, против учесниците ќе следуваат соодветни поднесоци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk