По поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски, кој издржува мерка во КПУ Затвор Скопје, речиси три недели помина во приватната болница „Аџибадем Систина“ по поплаки за здравствени тегоби.
Информацијата ја потврди директорот на затворот, Бобан Утковски, кој појасни дека Јакимовски бил хоспитализиран уште на 5 август 2026 година. По испитувањата и медицинскиот третман, тој на 26 август бил вратен зад решетки во истражниот затвор.
„По претходно искажани здравствени тегоби, на г. Јакимовски му беше овозможен соодветен медицински третман во клиничката болница '. По завршувањето на третманот, тој е вратен во КПУ Затвор Скопје“, изјавил Утковски.
Од затворската управа одбиваат да откријат од што точно се лекувал Јакимовски во приватната клиника, повикувајќи се на законската доверливост на медицинските податоци.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата