СДС и Венко Филипче со месеци ја политизираат темата за Алта банка. Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања на СДС и Филипче против Алта банка. Додека во јавноста се обидуваа да наметнат приказна за таканаречен српски свет, во заднина стои политичка хајка во која се кријат бизнис мотиви на лица блиски до СДС Филипче и кланот Заеви, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Во текстот се додава:
„Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и Алта банка создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи банката за ниска цена.
Целта на СДС и Филипче е да се создаде недоверба, да се предизвика паника и да се наруши угледот и пазарната позиција на банката, со што евентуално би се создале услови за нејзино преземање по значително пониска цена од страна на бизнис-кругови блиски до Филипче и Заев.
Доказ што ја поткрепува оваа информација е и прес-конференцијата на генералниот секретар на СДС, Александар Димитријевиќ, кој побара ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на корисниците на Алта банка, со што прави кривично дело според член 315 од КЗ.
Филипче и СДС прават груба политичка злоупотреба креирајќи паника, а зад тој параван стојат приватни економски интереси на Филипче и кланот Заеви.
Граѓаните да бидат спокојни. Сè додека премиер е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ власт, плати и пензии ќе има, а банки нема да пропаѓаат“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата