Голема полициска акција се спроведува на повеќе од 40 локации низ Македонија, при што се пронајдени дрога, оружје, пари, мачети и други предмети за кои постојат сомневања дека потекнуваат од кривични дела, неофицијално дознава „Курир“.
Претресите траат веќе втор ден, а акцијата ја координира Одделот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи (МВР).
Во операцијата учествуваат сите сектори за внатрешни работи, како и организациската единица за службени кучиња.
Според информациите на „Курир“, полициските екипи и натаму се на терен, а претресите се дел од континуираните активности за сузбивање на криминалот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата