Битни се многу работи во општетството, а оттааму и во политиката, но образованието и здравството се најголем приоритет затоа што оставаат последици на најголем број луѓе и на најдолг период. Од тие две области потоа следуваат последиците во економијата, судството, индустријата, науката, семејството, одбраната на државата и се друго. Секако, и последици врз културата која е карактер на општеството.
Според извештај на Светска банка, користен и во Обединетите нации, за состојбата меѓу младите во Македонија од 2023 година, македонските деца остваруваат под 60% од својот капацитет во животот поради лошото здравство и - образование.
Многу експерименти се правеа во образованието кај нас, особено по 2017 година кога власта ја преземаа левичари на кои основна задача им беше да се пренесат во државниот систем идеологиите и “вредностите“ видени во “невладините“ организации на Сорос и СДСМ.

Наместо да се фокусира образованието на теми кои се најважни за развојот на општеството како инженерските и информатички науки, економијата и финансиите, медицината, историјата и културата која е од исклучителна важност за Македонија поради негирањето на нејзиниот иденетитет... капацитетот на минестрката за образование Мила Цароска и незните колеги на таа функција од 2017-та до средината на 2024-та се трошеше на “либерална соросова идологија“ на државна сметка.
Младите беа бомбардирани, од основно, преку средно а особено студентите, дека е важно да можат слободно да го сменат полот без согласност на родителите дури и кога се малолетни. Градоначалникот Петре Шилегов спонзорираше “сексуално образование“ во Градовци каде малолетници се учеа на практичен секс. Министерката Цароска даде иницијатива да се брише “татко“ и “мајка“ од законите и образованието и да се замени со “родител 1“ и “родител 2“.

Истата министерка реши - да се укинат учебниците, учениците да учат преку интернет. Факултетот за информатички науки ФИНКИ, започнат со градба од минатата влада на ВМРО ДПМНЕ, остана руина, не се презема ниту еден чекор да се доврши иако за 7 години владата на СДСМ/ДУИ потроши буџети за 25 милијарди евра.
Праксата од претходната влада на ВМРО ДПМНЕ да се печатат на македонски јазик најдобрите учебници од најдобрите универзитети во светот за студентите и професорите - владата на СДСМ/ДУИ ја запре. Како што се запре и претходно развиениот модел наши медицинари, лекари и професори да одат на платена пракса во најдобрите европски медицински центри.
“Образованието“ на СДСМ/ДУИ седум години служеше за создавање идна гласачка база и “екипи“ за протести против ВМРО ДПМНЕ како и рагрутирање млади за левичарски либерални кампањи по социјални мрежи за нивните политички и коруптивни потреби. Правниот факултет се претвори во партиски штаб, а правниот систем кој оттаму доаѓа во партиска војска на СДСМ и ДУИ.
Цената стаса, ни ја соошптија, и не е пријатна

Децата, младите, не добиваа нови сознанија и ставови, научно утврдени, низ образованието. Учителите и наставниците останаа без прво на став и без авторитет бидејќи системот ги ограничи на бирократија, администрација, која нема право на образовен и воспитен труд бидејќи “либералите“ секоја нивна забелешка ја осудуваа по социјални мрежи, преку соопштенија на нивните “невладини“ организации и притисоци врз секој наставник кој се дрзнал да стави слаба оценка, да избрка или укори ученик од час поради невоспитано однесување или реметење на наставата.
Книги снема. “Знаења“ се стекнуваа преку Инстаграм, Твитер, Википедија... главните алатки за контрола на младите од левичарските либерални центри и, најново, преку интернет и квази вештачката интелигенција која е само преработена содржина на Википедија и сајтовите.

Ниту еден успех на најдобрите ученици, студенти, млади пронаоѓачи, па и спортисти не се афирмира, наградува и промовира како пример за другите. Но, затоа “инфлуенсерите“ се идоли на младите од кои ништо не може да се научи освен за журки, пирсови и ботокси, нови кафичи и слично.
Таквото “либерално левичарско“ образование и теророт од социјалните мрежи со нови системи на вредности кои се во судир со традиционалните и хуманите стандарди се главен виновник за исчезнување на традиционалните вредности карактеристични за Македонија, како и за дезориентација на нашите деца, радикално зголемено малолетничко насилство какво тие гледаат по Тик Ток и Инстаграм и го применуваат со надеж дека некој ќе ги гледа, ќе клика лајкови, а со тие снимки ќе се “прослават“. Тоа не е традиционално за Македонија.
“Либералното“ левичарско образование го уништи главниот елемент на детството и младоста: да се има свој сон, и свој пат, да се биде подобар од себе вчера и идолите кои се пример што создал нешто вредно за себе и за општестството. Да биде дете на своите родители и да комуницира со нив.

Таквото општество, “либерално левичарско“, наместо на наука и традиционални вредности темелено дава полуписмени генерации кои во понатамошниот живот не можат да произведат нови вредности ни за себе ниту за општеството. Кои се робови на социјалните мрежи, на фондовите и донциите од “либералните левичари“. Па дури и “либерално“ да го сменат полот и да се откажат од таткото и мјаката, да се “прослават“ со клипови на Јутјуб за што и да е - ќе останат неписмени и неупотребливи.
Македонските 15-годишни ученици, дури и во најновиот циклус на меѓународниот PISA тест, остануваат значително под просекот на земјите од Организацијата за економска соработка и развој (OECD).
Резултатите од PISA 2025, објавени денес, покажуваат дека учениците од Северна Македонија освоиле 379 поени по математика, 354 поени по читање со разбирање и 377 поени по природни науки.
Во математиката, просекот на OECD е околу 472 поени, додека во природните науки просекот е 482 поени.
PISA тестот ги оценува знаењата и вештините на 15-годишниците во примената на знаењето во реална ситуација, а во циклусот од 2025 година главен фокус беа природните науки, покрај математиката, читањето со разбирање и решавањето проблеми во дигитална средина.
Во тестирањето во Македонија учествуваа околу 7.000 ученици, односно репрезентативен примерок од популацијата на 15-годишна возраст. Во министерскиот документ се наведува дека во имплементацијата биле вклучени 125 училишта и околу 7.500 ученици.

За споредба, PISA 2022 веќе покажува значително влошување во споредба со 2018 година: во тоа време, македонските ученици имале 394 поени по математика, 393 поени по читање и 413 поени по природни науки. Според ОЕЦД, резултатите во 2022 година биле пониски отколку во 2018 година во сите три области.
Во математиката, македонските ученици освоиле 379 поени, што е најнизок резултат од претходниот циклус.
Само околу една третина од учениците го постигнуваат основното, второ ниво на математичка писменост, додека во земјите на ОЕЦД, околу две третини од учениците го постигнуваат ова.
Во читање со разбирање, резултатот е 354 поени.
Ова значи дека голем дел од 15-годишниците имаат сериозни тешкотии со задачи што бараат разбирање, поврзување и евалуација на информации од текстови.
Еден од најважните индикатори во PISA е процентот на ученици кои го постигнуваат најниското основно, второ ниво на знаење.
Според објавените податоци, во Македонија само околу 26 проценти од учениците го достигнуваат основното ниво во читањето, додека просекот за земјите на OECD е околу 69 проценти. Во математиката, околу 32 проценти го достигнуваат основното ниво, во споредба со околу 65 проценти во OECD.
Во исто време, PISA 2025 покажува дека образовниот јаз меѓу учениците од различни социјални и економски средини останува значаен.

Во регионалната споредба, Македонија е зад Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора во сите три главни области, додека во повеќето категории е само пред Косово.
PISA 2025 опфаќа повеќе од 760.000 15-годишници од 91 земја и економии, а глобалните резултати покажуваат пад на просечните постигнувања во читањето, математиката и науката.
Споредно со сегашните резултати, тестирањето во 2018-та година има значително подобри, повиоски бројки и оценки во сите области. Но, од 2018-та образованието стана сопственост на “либералните левичари“ а не јавна дејност за потреби на граѓаните и државата темелено на наука и хумани вредности.
Нашите деца имаат проблем. Ние, следователно со нив имаме два, и со себе, но и трет - либералните левичари и нивната идеолошка контрола врз младите кои се корен на проблемот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата