logo
logo
logo

ГОРИ НА ПОВЕЌЕ МЕСТА - Најкритично кај селата Кораб и Бањиште

Vecer | 06.10.2026

ГОРИ НА ПОВЕЌЕ МЕСТА - Најкритично кај селата Кораб и Бањиште

Центарот за управување со кризи соопшти дека до 7:30 часот биле регистрирани вкупно 46 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, а еден е ставен под контрола.

Активни се пожарите кај месноста „Над Боровите“, на кракот кон селото Татар Елевци и Кораб, како и на кракот кон селото Бањиште во Општина Дебар.

Пожари има и кај селото Јаболчиште во општина Чашка, кај селото Стрима во Општина Липково, над Боговињско Езеро на Шар Планина, на депонијата Краста во Куманово, кај селото Добровени во Општина Новаци и меѓу селата Белчишта и Лешани во Општина Дебарца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk