logo
logo
logo

ЌЕ ЈА ИМА И МАКЕДОНИЈА! SpaceX и 4iG носат револуција во Европа!

Vecer | 02.09.2026

ЌЕ ЈА ИМА И МАКЕДОНИЈА! SpaceX и 4iG носат револуција во Европа!

Унгарската телекомуникациска групација „4iG“ и американскиот гигант „SpaceX“ на Илон Маск склучија историски договори за воведување на сателитските услуги „Starlink Mobile“ и „Sovereign Solutions“ во Европа, со што се отвора сосема нова ера на сателитска поврзаност од следната генерација.

Овој гигантски пакт беше официјално потпишан во Тексас, САД, од страна на претседателот и главен извршен директор на „4iG“, Гелерт Јасаи, и претседателката и главна оперативна директорка на „SpaceX“, Гвин Шотвел.

Според официјалните најави, групацијата „4iG“ планира комерцијално да ја воведе услугата „Starlink Mobile“, која целосно ќе ги надополни постојните мобилни мрежи во подрачја со ограничена или никаква покриеност. Оваа зачудувачка технологија овозможува директно поврзување на стандардните мобилни уреди со сателитската мрежа „Starlink“, без каква било потреба од дополнителна сателитска опрема или антени. Главната цел е да се обезбеди непречена комуникација во најоддалечените региони и во критични ситуации кога традиционалната мрежа е во дефект.

Но, вистинската револуција доаѓа со следната фаза, воведувањето на генерацијата „Starlink Mobile V2“, која користи специјален спектрум од 2 GHz. Оваа технологија од следната генерација е планирана за директно воведување во Унгарија, Албанија, Црна Гора и Македонија, со што нашата земја се најде на мапата каде што прво ќе се имплементира овој технолошки скок.

Покрај комерцијалниот интернет за граѓаните, договорот опфаќа и развој на „Sovereign Solutions“, ултра-безбедни сателитски комуникациски услуги наменети за потребите на националната безбедност, одбраната и критичната државна инфраструктура.

„Групацијата 4iG и SpaceX развија модел кој ја обединува комерцијалната сателитско-мобилна поврзаност со сателитските решенија за безбедни комуникации“, изјави првиот човек на „4iG“, Гелерт Јасаи.

Со овој чекор, „SpaceX“ и „4iG“ најавуваат масовно проширување на соработката низ Европа, носијќи директен сателитски интернет во џебот на секој корисник.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk