Цените на услугите во одделот Поштенски и курирски услуги во второто тримесечје од 2026 година пораснале за 24.9 % во споредба со второто тримесечје од 2025 година.
Во второто тримесечје од 2026, во споредба со второто тримесечје од 2025 година, цените на услугите во секторот за транспорт и складирање пораснале за 7.6 %.
Според видовите транспорт, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од 7.1 %, а кај поштенските и курирските услуги бележат пораст од 24.9 %.

Во истиот период, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пораст од 5.2 % во одделот Телекомуникации.
Опфатени се секторите Ж – Услуги за транспорт и складирање и Ѕ – Услуги за информации и комуникации според Класификацијата на производите по дејности (КПД).
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата