До доцна синоќа траеше собраниската дебата за реконструкција на Владата. Атмосферата зовре кога настана жестока расправија меѓу спикерот Џафери и пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев, која читаше вести на говорницата, а меѓу нив и дека синот на Џафери без правосуден се запишал на Академијата за обвинители, објави Телма.
На овој дел жестоко изреагира собранискиот спикер, по што почна караница и меѓусебни навреди, за на крај сопартиецот на Јанушев, Никола Мицевски, излезе и мораше да го одвои Јанушев од говорницата. Еве дел од атмосферата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата