logo
logo
logo

Мајката на Дамјан, детето математичар има заклучок за Мила Царовска

Vecer | 07.02.2021

Мајката на Дамјан, детето математичар има заклучок за Мила Царовска

Внимателно го прочитав официјалното соопштение на МОН и јасно беше на што алудира Министерката, што го потврди и на вчерашната емисија на Канал 5.

Вината да се префрли на СММ затоа што дозволиле ученикот да учествува. Не е точно дека на натпреварите за средно може да учествуваат САМО ученици од средно.

Зборот САМО го нема. Јасно е и зошто. Тоа би бил апсурд.

Имено, секој што е во образование знае (би требало да знае) дека како и во спортот, така и во науката никаде во светот не е забрането помал ученик да учествува во категорија со поголеми ученици.

За информација, на Светската олимпијада по математика - ИМО најмладиот учесник знам дека имал 11 години (можеби имало и помал).

На ИМО 2020 Дамјан и уште 2-3 деца со 12 години беа најмалите учесници, а Дамјан е најмалиот учесник од Македонија што учествувал на ИМО. За да биде дел од тимот ученикот треба да ги помине сите натпревари, општински, регионален и државен за учениците од средно образование, како и селекциониот натпревар за Светската олимпијада.

Што се однесува до тоа општината да исплати награда, воопшто нема никаква поврзаност со наградата од Државниот натпревар и затоа нема потреба од такво нешто. Си има кога општината да награди. Не сега, не вака.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk