МВР го откри лицето кое му се заканувало на новинарот Кристијан Ландов

Vecer | 24.11.2026

МВР го откри лицето кое му се заканувало на новинарот Кристијан Ландов
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи постапи по пријава од новинарот и водител на подкастот „Претрес“, Кристијан Ландов, за упатени закани преку социјалната мрежа „Facebook“.

Имено, на 19.11.2026 година, под објава на Facebook-страницата „Pretres.mk“, поврзана со емисијата „Претрес со Ландов“, бил објавен заканувачки коментар кој пријавителот го разбрал како закана по неговата физичка безбедност и обид за заплашување поради неговата професионална работа.Постапувајќи по пријавата, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика веднаш презеде мерки и активности за обезбедување релевантни докази и утврдување на идентитетот на лицето кое го објавило коментарот. Притоа, утврдено е дека станува збор за И.М. (38) од Кичево.

Во координација со СВР Охрид, преку Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, лицето е повикано на информативен разговор, кој е спроведен на 23.11.2026 година. Во текот на разговорот, лицето потврдило дека е корисник на профилот од кој бил објавен заканувачкиот коментар.За случајот е известено Основното јавно обвинителство Скопје, а во тек се активности за прибавување и обезбедување дополнителни електронски докази потребни за постапката, по што до надлежното обвинителство ќе биде доставен соодветен поднесок.

Министерството за внатрешни работи посветува особено внимание на пријавите за закани и заплашувања кон новинари и медиумски работници. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ваквите пријави ги третира како приоритетни, имајќи ја предвид важноста на слободата на изразување, независноста на новинарската работа и безбедноста на новинарите и медиумските работници во дигиталниот простор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk