На 09.08.2026 во 01:00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода М.Д.(42) од Скопје.
При претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага со остатоци од кокаин и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бие поднесено соодветна пријава по брза постапка.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата