Во трагична несреќа на работното место во Италија загина 19-годишно момче од Тетово.
Според информациите објавени од медиумите на албански јазик, младиот тетовец паднал од покрив од височина од околу 7 метри додека бил на работа.
Од падот се здобил со тешки повреди, кои, за жал, биле фатални.
Нема дополнителни информации за точните околности под кои се случила несреќата и како дошло до падот.
Погребот на 19-годишникот е најавен за утре во Тетово, по пладневната молитва.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата