logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Од пречистителни станици до системи за наводнување – Новаци станува модерна општина

Vecer | 19.09.2026

ВМРО-ДПМНЕ: Од пречистителни станици до системи за наводнување – Новаци станува модерна општина

Со реализација на конкретни проекти насочени кон подобрување на инфраструктурата, економскиот развој, условите за живот и можностите за младите продолжува развојот на општина Новаци, велат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

– Изминатата година фокусот се стави на развојот на Индустриската зона Новаци, како еден од клучните потенцијали за идниот економски развој на општината, каде што со поддршка од Владата се изгради водоводна, атмосферска и фекална канализација во вредност од 26 милиони денари, додека во тек е изградба на внатрешната улична инфраструктура вредна околу 50 милиони денари.

Дополнително се заврши осветлувањето на Индустриска улица 3, со што вкупната вредност на инвестициите во зоната достигнува околу 77,5 милиони денари, а резултатите веќе се видливи, каде што две компании кои купија градежни парцели обезбедија одобренија и започнаа со изградба на своите објекти, што отвора простор за нови инвестиции и нови работни места.

Покрај индустриската зона, значајни средства се вложуваат и во комуналната инфраструктура и заштитата на животната средина, така што во Добромири во завршна фаза е изградбата на пречистителна станица, заедно со канализациската мрежа, инвестиција вредна околу 31 милион денари, а во подготовка е и проектот за изградба на пречистителна станица во Новаци.

Особено значаен е и проектот за систем за наводнување на земјоделските површини во атарите на Новаци и Добромири, со вредност од приближно 90 милиони денари, грант од Европската Унија преку ИПА-програмата, продолжува во соопштението.

-Во Новаци е изградена пешачка и рекреативна патека со повеќе содржини, со доградени два крака и нов асфалтиран пат до манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ со вкупна вредност на инвестицијата е околу 20 милиони денари, а поплочено е и платото пред манастирската сала, каде што се одржува Фестивалот на жетвата.

Подобрувањето на условите за живот не застанува кај капиталните проекти. ЈП „Комунална хигиена“ е опремено со машина за метење улици, специјално возило – кипер грајфер, нов камион подигнувач, дополнителна опрема и канти за селекција на отпад.

Во делот на животната средина реализирани се и активности преку проектот „Земјоделство безбедно од пожари“, а засадени се околу 1.100 садници кај спортско-рекреативната патека и дополнителни 130 јавори во Индустриската зона, со што се создава зелен појас со еколошка и противпожарна функција.

Посебен фокус е ставен и на младите и образованието при што продолжува субвенционирање на возачки дозволи за млади до 26 години, за учениците од прво одделение е обезбедена еднократна помош од 10.000 денари, учениците од второ до деветто одделение добиваат по 6.000 денари, таблети за четврто одделенците, а за студентите кои запишуваат прва година на прв циклус студии на државните факултети е обезбедена еднократна субвенција од 12.000 денари.

Паралелно со ова продолжуваат инвестициите за изградба и реконструкција на улици и патишта на цела територија на општина Новаци со цел создавање подобри услови за живот во сите населени места, велат од партијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk