logo
logo
logo

Беќаровски до Комисијата: 45-те дена заменете ги со логичните 9-12 месеци

Vecer | 20.08.2021

Беќаровски до Комисијата: 45-те дена заменете ги со логичните 9-12 месеци

Доктор Нико Беќаровски преку социјалните мрежи ги повика членовите на Комисијата за заразни болести да ревидираат дел од одлуките за новите мерки.

Почитувани колеги, членови на здравствената комисија, ве замолувам:

На првиот состанок ревидирајте ја бесмисленоста на одлуката ЗА ВИСТИНСКИ ПРЕЛЕЖАНИТЕ ОД КОВИД-19 и 45 дена заменете ги со логичните 9-12 месеци.

Тие луѓе веќе поминаа една голгота, ИМААТ ИМУНИТЕТ и не ги терајте со сила во прегратките на антиваксерските промотори.

-Одлуката еден ден по прва доза да се имаат сите права е медицински и епидемиолошки неиздржана и е погрешен начин за стимулација на вакцинацијата, пишува докторот на Фејсбук.

Беќаровски им порача на колегите да останат тоа што најдобро го знаат ДОКТОРИ, а не политиканти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk