„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ НЕ ГИ ПОШТЕДИЛ НИТУ МИНИСТРИТЕ, ДИРЕКТОРИТЕ И ЦРКОВНИТЕ ЛИЦА – Тошковски тврди дека сите си ги платиле казните

Vecer | 10.11.2026

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ НЕ ГИ ПОШТЕДИЛ НИТУ МИНИСТРИТЕ, ДИРЕКТОРИТЕ И ЦРКОВНИТЕ ЛИЦА – Тошковски тврди дека сите си ги платиле казните
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Голем број на функционери, министри, директори, црковни лица, биле дел од списокот на казнети за сообраќајни прекршоци откако биле снимени од системот „Безбеден град“.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој речиси еден час на прес-конференција зборуваше за успесите на проектот, вели дека ургенции имало, но престанеле по неговата бурна реакција.

Сообраќајни прекршоци правеле и со службени и со приватни возила, но сите казни биле платени.

– Скоро и да нема функционер од било кое ниво, да не ми рекол „министер еве функционира, си платив и јас, ми стигна казната. Ургенции немало последнава година и половина. Претходно да, во рамки на техничка влада имав одредени ургенции за одредени прекршоци. После мојата бурна реакција последнава година и половина не се случило некој да побара од мене било што поврзано со ургирање во врска со конкретен сообраќаен прекршок многу мило што е така – рече Тошковски.

На прес – конференцијата имаше новинарски прашања само за „Безбеден град“, проект кој почна да функционира неодамна и со којшто, според Тошковски бројот на жртвите во сообраќајни несреќи бил намален за 30 отсто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk