logo
logo
logo

ЛЕВИЦА СО ПОДДРШКА ЗА “БАЛИСТИТЕ“ ВО КИЧЕВО. Кога има тендери и функции, се отвараат како кокиче во пролет

Vecer | 25.10.2025

ЛЕВИЦА СО ПОДДРШКА ЗА “БАЛИСТИТЕ“ ВО КИЧЕВО. Кога има тендери и функции, се отвараат како кокиче во пролет

Многу пати Димче Апсиев и Левица глумеа македонски националисти кои ликовите од ДУИ, особено нивните водечки политичари и “командантите“ ги нарекуваа “балисти“, според називот на албанските параполициски групи од северозападна Македонија кои во Втората светска војна соработуиваа со фашистите.

Но, кога ќе дојде време на избори, потенцијлани функции и заработка од криминални тендери, Левица и Димче Апасиев забораваат кои се - и соработуваат со “Балистите“, како во Скопје, преку првиот изборен круг во Струга, така и сега во Кичево.

Во тема на денот на Сител телевизија гостуваше кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, кој одговараше на повеќе прашања поврзани со локалните избори и можните партиски поддршки во вториот круг локални избори.

На прашањето дали Левица ќе го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, Александар Јовановски или ќе застане зад актуелниот градоначалник од ДУИ Фатмир Дехари, кандидатот на Левица, Мециновиќ избегна да даде конкретен одговор, со што индиректно потврди дека нема да го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ туку на ДУИ.

Повторно портпаролската функција за овие избори ми е малку ставена на пауза, не дека нема да имаме став, ќе имаме став, но сметам дека сега не е местото јас да го коментирам ова, а затоа што имаме една голема обврска пред нас, а тоа е вториот круг за Град Скопје“, рече Мециновиќ.

Иако партијата во текот на кампањата жестоко го критикуваше ВМРО-ДПМНЕ дека во повеќе општини, како Тетово, Гостивар и Струга, немале сопствени кандидати со што индиректно ја поддржувале коалицијата Вреди, а сега токму Левица се наоѓа во истата позиција, која од жестоки критики преминува во тактички молк и го олеснува патот на ДУИ да ја задржи власта во Кичево.

Ваквиот одговор на кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ покажува дека Левица ќе го поддржи кандидатот Фатмир Дехари, со што очигледно е дека „неутралната“ Левица е најсилен сојузник на ДУИ во Кичево.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk